СВР Охрид ги откри сторителите кои викендов на ѕидовите на Основното училиште Свети Климент Охридски испишаа пораки со неонацистичка содржина.
По превземени оперативни мерки, СВР Охрид ги откри лицата кои викендов ги испишаа неонацистичките пораки на ѕидовите од основното училиште Св. Климент Охридски. Тоа се пет седмооделенци кои учат во истото школо.
Во текот на вчерашниот ден во СВР- Охрид со учениците биле извршени разговори во присуство на нивните родители.
По извршените разговори , одземени им се 4 спрејови за фарбање во различни бои, кои малолетниците ги купиле непосредно пред извршувањето на вандалскиот чин.
Директорката на ОУ св. Климент Охридски, Славица Илиќ за ТВМ изјави дека е непријатно изненадена и дека се уште не може да поверува дека делото го направиле токму тие ученици. Станува збор за деца кои воопшто не се агресивни и кои до сега имале примерно поведение, вели Илиќ.
Од страна на локалната самоуправа, со цел да се зголеми безбедноста на учениците и објектот, за скоро време се најавува поставување на чуварска служба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град