Откриена дрога кај дилер од Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39 годишен жител на Охрид.

 |   | 
свр
свр

марихуанаПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39 годишен жител на Охрид.
Пријавениот на 19 февруари оваа година за 50 евра набавил одредена количина опојна дрога марихуана која сакал да ја продава на наркозависници од Охрид и Струга а дел да ја користи за лична употреба.
Следниот ден околу 10 часот и 15 минути пријавениот е забележан на паркинг просторот кај градскиот пазар и притоа кај него пронајдени се 72 грама марихуана. Еден дел била во целофанска паковка сокриена во левиот џеб од пантолоните а друг дел во најлонска кеса покриена со црна капа.
Со примена на брзи имуно-ензимски тестови, кај него утврдено е присуство на метаболити од тетрахидроканабинол-психоактивна супстанца што ја содржи растението Cannabis, информираат од СВР Охрид.
Пријавениот е лице познат на службата против кого, по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top