Отчет на ЈП „Нискоградба“

Изминатава година Нискоградба работеше на низа проекти на локалната за изградба на фекална и атмосферска канализација и други инфраструктурни зафати и успеа да исплати голем дел заостанати долгови од минатиот период.

 |   | 

Изминатава година ЈП „Нискоградба“ во своето финансиско работење се насочи кон исплата на стари долгови по извршни решенија заостанати од предходниот период и инвестирање средства во инфраструктурни градежни активности, кажа денеска на прес конференција Гоце Ѓоршески, помошник директор за правни, заеднички работи и човечки ресурси.  ЈП „Нискоградба“ работеше и на проекти од општина Охрид во соработка со Фонд за комунален развој во кои учествуваше во изградба на фекална и атмосферска канализација , хоризонтална сигнализација како и поплочување со бехатон плочки.

„Исплатени се вкупно околу 5 милиони денари по основ на стари долгови од 5 извршни решенија и заштедени се сретства по основ на камти.  Изведбата на фекалната и атмосферската канализација чинеше во вкупен износ околу 5 милиони денари. Завршени се градежни работи на улици и шахти во вкупен износ од околу 1,2 милиони денари. Хоризонталната сигнализација во вредност од 364 000 денари. Исто така беа изработени и проекти од стручните служби на ЈП Нискоградба.“ – кажа Ѓоршески.

Стручните служби на Нискоградба за релизација на долгоочекуваната реконструкција на улицата Абас Емин изработија три проекти и тоа за реконструкција на фекална канализација, водоводна линија и атмосферска  канализација. Ѓоршески детално ги наброја бројните активности на претпријатието во делот на инфраструктурата меѓу кои фекална канализација на дел од ул. Железничка, изведба на атмосферска канализација на Кеј Македонија, реконструкција на фекална канализација Бул. Туристичка, атмосферска канализација по новопроектирана улица „АСНОМ“ и „Партизанска“, санација на оштетени плочки по должина на Кеј Македонија, продолжување на пешачка патека Бул. Туристичка кај Бензиска Пумпа Макпетрол,  поставување на информативни табли за зонско паркирање, земјани работи за поставување на рампи на ул. Македонски Просветители и Горна Порта и хоризонтална и вертикална сигнализација кај Горна Порта.Претпријатието работи тековно, по краци, на изведба на  фекална канализација во с.Лескоец. Инвестираше и во основни средства.

„Набавено е половно возило за специјална намена цистерна во вредност од околу 1,5 милиони денари наменета за чистење и пробивање на канализација. “ – информира Ѓоршески.

Изминатава година немаше отпуштања на вработени од ова ЈП. Вработени се 7 лица како општи теренски работници. Платите се исплатуваат редовно. ЈП Нискоградба  бележи зголемување на процентот на наплата на комуналната такса.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top