Се заврши со изградбата на помошните простории за црквата. Оваа црква се наоѓа во непосредна близина на Факултетот за туризам, a е изградена во далечната 1863 година. Од јануари месец 2008 година, црквата е обновена и како парохија, најмала по обем во Охрид според бројот на семејствата. Парохијата брои некаде околу 400 домови. Отец Сашо Ристески информира дека секоја недела и за големите празници има редовна Божествена литургија и редовно се служат сите служби. Отец Ристески кажува дека средства за реконструкција се обезбедени во најголема мерка од донатори, верници, а дел се црковни средства кои се слеваат како редовен приход во храмот. Реконструкцијата трае во континуитет околу 5 години, и освен изградбата на помошните простории, реконстурирани се и олтарот и царскиот престол.
Инаку ова е второ осветување на престолот и олтарот. Според ктиторскиот натпис од влезот на црквата, првото нивно осветување датира од 1863 година. Отец Ристески потенцира дека продолжуваат со реконструкцијата. Следно на што треба да се работи, е реконструкцијата на фрескоживописот кај кубињата кој е оштетен од влага. После тоа следува замената на подот во внатрешноста на црквата со нов мермерен под. Се очекува да пристигне и новиот иконостас чија изработка е во завршна фаза. Паралелно се работи на доизградба на оградата околу црковниот двор како и хортикултурно уредување на истиот. Така на празникот Томина Недела, на 11-ти април, ќе се изврши преосветување на олтарот и престолот, а со о празничната литургија ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебраско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужбата започнува во 8.30 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град