Осветено спомен обележјето Фаќач на крст

Донаторот и кум на манифестацијата Водици 2012, Ванчо Чифлиганец вели дека за изработката на спомен-обележјето биле ангажирани најкомпетентните луѓе.

 |  Мишел Наумоски  | 
fakjac na krst
фаќач на крст

Осветен „Фаќачот на крст“. Спомен обележјето во чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици денес доби благослов од Македонската православна црква, а поздравено од поранешните кумови на манифестацијата, членови на Здружението за целосна афирмација на Македонската православна црква, „Богојавление“ како и бројни граѓани на градското пристаниште. Според градоначалникот на Охрид, и кум на „Водици 2014“, Никола Бакрачески, со спомен-обележјето само се продолжува традицијата што е вкоренета во меморијата на охриѓани низ вековите.

spomenik pristanishte„Нешто што се пренесувало од генерација на генерација, дури и во периодот кога тоа било забрането и не им било дозволено, согласно постоечките закони во тоа време, во времето на едноумието и комунизмот, така да денес после толку години, векови, сите оние кои учествувале на чинот на фаќање на крстот, за сите фаќачи но и за сите православни верници од Охрид на кои празникот Водици им е еден од најзначајните верски празници, добиваат едно спомен-обележје кое ќе сведочи за историјата на Охрид, за традицијата и за верата на Охрид.“-вели градоначалникот Бакрачески.

Донаторот на спомен-обележјето и кум на манифестацијата „Водици 2012“, Ванчо Чифлиганец, вели дека при изработката на истото биле консултирани и ангажирани најкомпетентните луѓе, од МПЦ, Комисијата за верски прашања, општина Охрид.

„Многу луѓе, институции учествуваа за да денес, јас лично морам да кажам дека сум задоволен. Има позитивна критика, а доколку има и негативна критика, тоа ќе биде мотив, поттик за следните дела да ги направиме. Од моето име и името на мојата фамилија ви се заблагодарувам за целокупната поддршка што ми ја дадовте.“-рече Чифлиганец.

osvetuvanje fakjac na krstПретседателот на здружението „Богојавление-Водици“ Љупчо Арнаудов вели дека е навистина задоволен што се реализира уште едно од ветувањата кои биле дадени од кумовите на оваа значајна манифестација.

„Еве веќе ова е втор реализиран проект. Првиот беше Цер, направивме спомен парк во Цер, ова е вториот проект и третиот проект што ќе ни е за малиот плоштад „Христо Узунов“ да го направиме споменикот, ќе најдеме еден донатор, а мене ми е жал што ете во овој момент морам да речам дека не го реализиравме чунот, односно тоа се Целе и Тане Николоски кои беа кумови, кои ветија дека ќе го направат овој чун, но тие не го направија. Затоа јавно ги повикувам да си го одржат својот збор, бидејќи ние како здружение „Богојавление“ го одржуваме своето ветување.“-изјави Арнаудов.

Инаку скулптурата е висока 3 метри и 10 см, излеана во бронза и поставена на мермерен постамент висок 2 метри. На едната страна во мермерот е исклесана песната Војордание, а на другата е Исус Христос опкружен со неговите Апостоли. Споменикот за Водици- Фаќач на крст, го изработи скулпторот Ангел Коруновски, а истиот е донација од кумот на манифестацијата „ Водици 2012“, сопственикот на градежната компанија „Адора Инженеринг“ проф. д- р Ванчо Чифлиганец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top