Осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“

Осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“. Училиштето бара од Министерството за образование да му се одобри да формира три паралелки, бидејќи моментално децата се распоредени во две, а е невозможно во една училница да учат повеќе од триесет деца.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Речиси осумдесет првачиња го започнаа своето образование во ОУ Св. „Климент Охридски“. Години наназад ова училиште мака мачеше со запишувањето на првачиња, но оваа година бројката потсетува на некои златни времиња кога таму учеле и по повеќе од 100 првачиња. Причини за ваквата драстична промена има повеќе. Пред се тоа се условите кои ги нуди училиштето, како што е едносменското работење и функционирањето на продолжниот престој до 17 часот. Но зголемениот број на првачиња создаде нов проблем. Училиштето бара од Министерството за образование да му се одобри да формира три паралелки, бидејќи моментално децата се распоредени во две.

Сеуште сме во преговори и се надевам дека за брзо ќе ни одговорат позитивно за трета паралелка бидејќи овај пат имаме 72 првачиња и 6 во Даљан и е невозможно во една училница да учат по 32-33 деца, вели Наташа Танеска-директор на ОУ Св. Климент Охридски.

Ние сме во постојан контакт со Министерството, а и Локалната е заангажирана за да се реши ваквата ситуација, објаснува Танеска, додавајќи дека училиштето ги има сите потребни услови за формирање уште една, трета паралелка.

Кадар имаме. Во Даљан ќе ни се отвори работно место, а имаме и училница така да ги имаме потребните услови за квалитетна работа со учениците, вели Танеска.

Инаку во ова основно училиште се запишани и 20тина деца со посебни образовни потреби со кои работат обучени педагози, а ќе започне да функционира и инклузивниот процес со кој оние деца кои се со некакви потешкотии во совладувањето на материјата или се со поблага форма на аутизам ќе бидат вклучени во редовните паралелки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top