Осмооделенците кои присуствуваа на презентацијата осмислена само за нив, воодушевени од практичните знаења со кои можат да се стекнат, доколку ова стручно средно училиште биде нивен избор.
Осмооделенците Бојан Робески и Ристески Дарко, се можеби идните средношколци кои своето образование ќе го продолжат во Средното општинско училиште „Ванчо Питошески“. И двајцата задоволни од условите кои се нудат во ова училиште, а со кои се запознаа на денешната презентација организирана за сите осмооделенци во просториите на самото средно стручно училиште.
„Ова е прво училиште кое ние сме го посетиле, досега доаѓаа презентери од другите средни училишта од градов и ни презентираа. Внимание ми привлекоа практичните настави, бидејќи јас го обожавам готварството, мислам тоа ме фасцинира“, велат некои од осмооделенците.
Секула Баткоски, директорот на оваа образовна установа вели дека на таканаречените отворени денови во училиштето, се поканети сите осмооделенци од градов. А за самата промоција, тој потенцира дека истата претставува добар начин за промоција, со оглед што од година во година бројот на учениците кои се запишуваат, посебно во средните стручни училишта е се помал.
„Најголем интерес има за гимназиите, за жал стручните училишта се малку понеинтересни. Со оглед на тоа што охрид е туристичкиот центар на Македонија. Мислам дека нашево училиште е доста атрактивно, можностите за вработување и понатамошно студирање се големи“ објаснува Баткоски.
На презентацијата идните средношколци можеа да се запознаат со условите кои училиштето ги нуди, профилите на образование со кои тука може да се стекнат, начинот на работа, а можеа да видат и да се запознаат со средношколците, што тие досега научиле и постигнале. Тие пак, со порака до своите идни соученици.
„Ќе им дадам препорака дека треба да се запишат тука, бидејќи одиме на многу натпревари, имаме организирана настава, па праксата, часовите се интересни.“ велат средношколците од „Ванчо Питошески“.
Ианку од оваа образовна установа велат дека ваквиот начин на промоција се реализира за во целост да се видат можностите кои ги нуди училиштето, а целта е само една. Да се привлече што е можно поголем број деца за наредната учебна година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град