Остварена лидерска средба Баросо-Груевски-Иванов

Европската иднина на вашата земја е цврста и затоа вратите на унијата за вашата  земја се целосно отворени порача од Охрид, претседателот на Европската Комисиjа , Жозе  Мануел  Баросо.

 |  Валентина Нелоска  | 
Baroso i Gruevski
Баросо и Груевски

Baroso i GruevskiЕвропската иднина на вашата земја е цврста и затоа вратите на унијата за вашата  земја се целосно отворени порача од Охрид, претседателот на Европската Комисиjа , Жозе  Мануел  Баросо.Тој по средбите со Премиерот Никола Груевски и Претседателот  Ѓорѓе Иванов ја пофали Македонија  за успешно спроведените реформи во сите области.

На македонските власти Баросо им препорача да продолжат со реформите за Македонија да не застане во пристапниот процес кон Унијата.  Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европската Комисиjа, истакна „ треба да постои консензус за сите стартешки прашања помеѓу сите главни актери. Потребна вие вистинска култура на компромис. Не е важно да се исполнат само некои бирократски критериуми. Тоа е прашање на вистинска модернизација на земјата и на општеството во целина. Потребен е поквалитетен политички дијалог  и широк политички консензус бидејќи   Македонија е важно геополитичко подрачје за Европа. Поради тоа е важно следните избори да бидат транспарентни и во согласност со принципите на Европската Унија. Клучно е новинарите да можат да ги изразат своите гледишта слободно“.

Претседателот Баросо побара од премиерот Груевски фер и демократски избори во земјава  според стандардите на ЕУ и слобода на говор на новинарите.

Премиерот Никола Груевски му се заблагодари на високиот гостин за поддршката од Европската Комисија во развојот на реформската трансформација и модернизација на нашата држава во изминативе 15 години од градењето на  заедничките односи. Го уверив претседателот Баросо  дека Македонија ќе продолжи со напорите интензивно и бескомпромисно во борбата против корупцијата и организираниот криминал, истакна Груевски. Покрај сите предизвици со кои се соочува Македонија уште еднаш беше потенциран долгогодишниот спор со името и изнаоѓање заемно прифатливо решение. Груесвки при тоа рече „ Спорот со името го загрозува оставрувањето на нашите национални приоритети и затоа сме и ќе продолжиме да бидеме интензивно ангажирани за тој да биде што поскоро надминат во рамките на разговорите под покровителство на ОН. Целта  е да се изнајде трајно  и одржливо решение кое ќе биде прифатливо за двете земји и народи. Решение кое ќе се базира на почитување на на основачките принципи и вреднсти на Унијата и нема да и наштети на националната, лингвистичка и културна самоидентификација на македонскиот народ и име“.

Премиерот Груевски изрази уверување дека владата е посветена  во создавање амбиент  за одржување на фер и демократски избори. Владата како и до сега така и во иднина ќе прави напори да обезбеди атмосфера во која ќе има слободно новинарство.

На денешната средба беше договорен  Брисел и Скопје да имаат  два пати годишно средби на највисоко политичко ниво,  дијалог со цел да се забрза имплементацијата на реформите. На средбата било разговарано и за економската ситуација во Македонија, а договорено е во текот на годината да се одржи и економска конференција во Македонија.

Барозо оствари средба и со Претседателот на Република Македонија  Ѓорѓе Иванов. Во делегацијата од Брисел  беше присутен и еврокомесарот за проширување   Штефан Филе.

Претседателот на   Европската Комисиjа Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за проширување   Штефан Филе  имаа средби и со лидерите на СДСМ, Бранко Црвенкоски и на ДУИ, Али Ахмети.

Ivanov Baroso File

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top