Во Охрид владее сообраќаен хаос и во лето и во зима, велат дел од советниците. Тие бараат под итно да се изработи сообраќајна студија за територијата на град Охрид за динамичен и статичен сообраќај. „Ако не ја донесеме предлог одлуката и чекаме изработка на студија ќе треба да чекаме да помине цела година за нешто да направиме, а тоа не ние во интерес“ истакна советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски.
Советникот од СДСМ и експерт по сообраќај Томислав Тунтев образложи дека режимот на сообраќај кој го предлага локалната самоуправа во однос на стручните служби е истиот само што сега во него го нема стариот дел од градот. „Со изгласувањето на овој режим на сообраќај ќе се направи еден бајпас помеѓу завршувањето на летниот режим на сообраќај и сега“, додаде Тунтев.
Тој потенцираше дека не е точно дека во Охрид владеел и владее сообраќаен хаос. Студијата која ќе се прави ќе се димензионира врз основа на оптимален сообраќај, објасна Тунтев.
Тунтев презентираше и официјални Статистички податоци според кои на Горна Порта летово влегле 1210 возила, од кои само 117 биле со Охридски регистарки таблички. Ни еден режим на сообраќај не може да даде идеално решение, затоа што реализацијата не зависи од советот, студијата и сообраќајниот елаборат.
На крај сепак предлог одлуката за организирање на режим на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид советниците ја изгласаа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град