Рилковски: „Точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки“

Директорот на ОСУ Св Климент Охридски јавно проговори за барањето на локалната.

 |  Маленкова Татјана  | 
Naum Rilkovski
Наум Рилковски

Директорите на образовните институции во градов имаат рок до утре да си поднесат оставки, открива директорот на охридската гимназија Наум Рилкоски. Тој за ТВМ потврдува дека бил повикан во општината на состанок на кој му била побарана оставка, но  смета дека  начинот на кој се туркаат кадровските промени во образованието во Охрид не се желба на градоначалникот Бакрачески.

„Лично од градоначалникот не сме биле повикани, а точно е дека сме повикани да си поднесиме оставки на Naum Rilkovskiниво на директори на основни и средни училишта, јас лично кажувам за мене. И мислам дека ова не е лично од градоначалникот желба за сето ова да се убрза , да се покаже некоја , да ја наречам послушност од наша страна“, истакна Наум Рилковски, директор на ОСУ Св. Климент Охридски.

Рилкоски  не се согласува со локалната дека состојбата во сите училишта во Охрид била лоша, дека училиштата немаат успеси и дека со сите лошо се менаџирало. Тој смета дека таквата генерална отценка на локалната за образованието во градов е грев и жална за самите ученици и професори кои се дел од многубројни  успеси, први места на републички првенства во многу дисциплини и различни области.  Но додава дека е нормално да има промени на директорските места во општинските инстутуции со промената на локалната власт. Тоа беше очекувано и од тоа нема бегање, вели Рилкоски.

„Мислам дека од ниеден директор, ниту од мене, нема да има опструкции. Можеби ќе биде најдобро, крај е веќе на учебната година, веќе од наредната година секако дека, јас ете еден спортски термин ќе употребам , бидејќи сум од областа на спортот, се менува тренерот, се составува екипата и тука нема ништо спорно и нема никакво лутење или борба да се остане по секоја цена на местото“, вели Рилковски.

Во врска со соопштението од локалната дека во охридските училишта  има голем број нерасчистени состојби и финансиски дубиози кои го опртеретуваат функционирањето на образовниот систем во општината, Рилкоски вели дека нема од што да стравува. Гимназијата Св Климент Охридски веќе била прочешлана од редовни финансиски инспекции а пред две недели  имале интегрална инспекција која во делот на образовниот процес проверила се.

Не се работи за страв, спремен сум на еден културен цивилизиран начин да го отстапам местото на наследникот и тоа да биде во интерес и на учениците и на родителите и сите вработени за работите нормално да се одвиваат и понатаму, дециден е директорот на охридската гимназија Наум Рилкоски.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top