Oставка од Министерот Нокола Тодоров?

Бранот на масовни отпуштања на вработени во образованието, го крена ССМ на нозе.

logo
лого

Бранот на масовни отпуштања на вработени во образованието, го крена ССМ на нозе. Се превземаат активности во сите општини низ Државата, за нивно враќање на старите работни места, велат од  таму.

Milan ZivkovicССМ потикнат од бранот отпуштања во секторот образование, веќе две недели превзема активности во скоро сите општини низ Македонија, со цел да се вратат на работа, лицата на кои не им беа продолжени договорите за работа. „Во контактите со овие луѓе дознаваме дека довербата во работата на СОНГ е целосно загубена. Секој поединец од нив живее во страв дека токму тој ќе биде следниот во бранот отпуштени работници“, вели портпаролот на ССМ, Милан Живковиќ.

„Недолично, Министерот за образование Никола Тодоров, секојдневно ветува дека проблемите во образованието ќе ги доведе во ред и истите ќе бидат решени, а прави се поголем хаос“, обвинуваат од ССМ. „Убавите зборови за лажен фиктивен мир во нашата држава, веќе не можат да убедат никого“, велат од таму.  Свесни за сите неправилности во работењето на посочениот министер, ССМ упатува барање за негова неотповиклива оставка.

„Општина Охрид е редок позитивен пример каде нема ниту еден вработен на кого не му е продолжен договорот за работа“, посочува Живковиќ.

ССМ ветува дека ќе истрае во намерата да се стави крај на овој проблем, меѓутоа бараат од вработените да бидат упорни во своите барања и достојно да се носат со проблемите до нивниот крај.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top