Осомничено лицето кое прегази жена

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против триесет и девет годишниот И.Г.

 |  Валентина Нелоска  | 
logo
лого

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против триесет и девет годишниот И.Г. од Охрид заради сомнение дека е можен сторител на две кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“  и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Од СВР Охрид, соопштуваат дека приведениот управувајки го своето патничко моторно возило марка „Даеву-Матиз“ со охридски регистарски таблици, од небрежност, предизвикал  сообракајна незгода  во која едно лице го загуби животот. Возилото на пријавениот било пронајдено во автосервис каде било оставено на поправка, а набрзо потоа бил пронајден и неговиот сопственик.
Од страна на Истражните органи  на осомничениот  му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Инаку, тешката сообраќајна несреќа се случи на 1 февруари, во 6 часот и 20 минути  на раскрсницата од  улиците  „7-ми Ноември“ и  „Егејска“,  по што сега притворениот го напуштил местото на несреќата,  неукажувајки помош на  пешакот Блага М. родена 1953 година од Охрид, која  во моментот го преминувала коловозот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top