Во духот на еден од најпознатите македонски романсиери, Живко Чинго, синоќа Оосновното училиште од Велгошти кое го носи неговото име го прослави патрониот празник. Оваа училишна установа континуирано расте и се развива и денес со гордост може да се пофали и со условите за работа, но и со постигнатите успеси на учениците.
Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење.
Имаше реконструкција на училиштето во износ од 100 000евра, се направи термо фасада со изолација од десет сантими стиропор, се реконструираа тоалетите, комплетно се сменала водоводна и електрична инсталација, направени се кабинети, набавени се тач табли, микроскопи и тн. , објаснува Чингоски.
Во училиштето „Живко Чинго“ се образуваат околу 270 ученици. Оваа бројка е речиси константна и оваа школска установа не се соочува со глобалниот проблем од намалување на бројот на ученици. Наставниот кадар е квалитетен и стручно оспособен па училиштето бележи нагорен тренд.
Направивме библиотека го оградивме училиштето и сето тоа придонесе да имаме што подобри резултати, а и поголема мотивираност кај учениците. Во последните години учениците остваруваат многу високи резултати на натпреварите на што сме особено горди, вели Чингоски.
Планови за иднина има многу, вели Чингоски. Тој заедно со своите соработници се залагаат хортикултурно да се доуреди дворот на школото да се направи едно детско игралиште, над спортската сала да се стави соларен систем за да се заштеди енергија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град