Основните училишта во градов немаат обезбедување. Овие образовни установи многу често се цел на хулигански испади, разбојништва и тепачки. Директорите на сите училишта се едногласни дека неопходно им е 24 часовно физичко обезбедување и тоа во текот на целата година. Локалната им ветила чуварски служби, но ништо од тоа.
Основните училишта во градов немаат обезбедување. Овие образовни установи многу често се цел на хулигански испади, разбојништва и тепачки. Директорите на сите училишта се едногласни дека неопходно им е физичко обезбедување и тоа 24 часа во текот на целата година.
Оливија Пирузева, првиот човек на ОУ „Христо Узунов“ вели дека години наназад прават напори да го обезбедатучилиштето. За да ангажираат приватна агенција мора да реши советот на родители, но тие како да немаат многу слух за овој проблем. Интересот станува индивидуален кога некое од децата ќе се соочи со проблем како што е вознемирување од страна на други ученици, тепачки или пак вербални расправии. Во училишниот двор многу често посебно во вечерните часови влегуваат непознати лица кои ги кршат прозорците, возат со мотори, ги уништуваат општите добра. А, не е ретка појавата кога во дворот се наоѓаат и шприцеви од корисници на дрога. Еднаш имало обид и за обивање на училиштето, но за среќа останало само на обид бидејќи се вклучил алармот кој е поставен во салата за приредби. Ова училиште има поставено видео надзор, но камерите многу често знаат да затаат, а и тие се мета на вандализам. Директорката Пирузева вели дека Локалната уште минатата година ветила дека од оваа учебна година во сите училишта ќе воведе чуварска служба, но засега нема ништо од тоа.
Ништо подобра не е ситуацијата ниту во ОУ „Григор Прличев“. Многупати до полиција е пријавувано оштетување на инвентарот во дворот, кршење на прозорците, уништување на осветлувањето, клупите во дворот, на паркот. Ова училиште кое се наоѓа во центарот на градот, а во неговиот двор е и балон игралиштето кое е многу посетено, буквално е како јавно место каде прави секој што сака. Вработените бараат да се обезбеди неговиот имот и се надеваат дека конечно советот на родители ќе успее да се искординира и да донесе одлука за ангажирање агенција за обезбедување. Од Локалната очекуваат да си го исполни вертувањето и да ангажира чувар.
ОУ Св.„Климент Охридски“ неодамна било цел на крадци. Успеале да влезат во училиштето и да украдат техничка стока и пари. Директорката Наташа Танеска вели дека секојдневно бараат од Локалната да ангажира чувар или барем да постави аларм во училиштето. Тој чини само 1500ден., а може многу да придонесе за безбедноста на ова училиште. Поставувањето видео надзор е поскапо и чини околу 3000евра. На оваа тема ќе се разговара и на наредниот состанок на советот на родители кои треба да решат дали од својот буџет ќе издвојат средства за ангажирање агенција за обезбедување.
Во ОУ „Братство Единство“ имаат еден чувар кој треба да ги обезбедува двете згради. Директорот Мехмед Џемал вели дека тоа е невозможно. Кажува дека училиштето мора целодневно физички да се обезбедува бидејќи неговиот двор е собиралиште на недобронамерни луѓе. Многупати наутро ги дочекуваат разно разни графити со недолична содржина, искршени прозорци, искорнати плочки. Наставничкиот совет бара поставување видео надзор и ангажирање агенција за обезбедување. Ова било кажано и на тркалезната маса која ја одржале сите директори со покојниот градоначалник Јован Стојаноски.
Проблемот за сите е ист, а решението е многу неизвесно. Останува секој сам да се снаоѓа како знае и умаее се додека не се сфати сериозноста на ситуацијата и неопходноста образовните институции да бидат безбедно место, бидејќи таму поголемиот дел од времето го поминуваат нашите најмили-децата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град