Со музика, поетски рецитали и глума, основците заедно со своите ментори покажаа како се чествува својот патрон, како се оддава почит, и како се претставува своето училиште.
„Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник.
Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа.
„Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и училишниот весник, наградените конкурси. Континуирано и постепено се одвиваше, за да дојде до една целосна идеја која би била добро осмислена.“-вели директорката на ОУ „Христо Узунов“, Дијана Јулоска.
Директорката Јулоска вели дека ОУ „Христо Узунов“ е едно од најподготвените училишта, кое секогаш учествува на натпревари и носи одлични резултати, но и секогаш се стреми кон подобро.
„Ние постојано работиме и соработуваме со локалната самоуправа, тесно сме поврзани поради финансиските средства, работиме на тоа да го подигнеме квалитетот на наставата, да постигнеме подобри резултати со учениците, да им посветиме на нив внимание. Учествуваме во проекти, учествуваме на обуки, учествуваме на натпревари, регионални и државни, освојуваме места. Оваа учебна година, нашето училиште, заедно со уште 60 други на ниво на цела држава освои електронска интерактивна табла.“-рече директорката Јулоска.
Таа додава дека продолжуваат со новите предизвици. Во моментот работат на опремување на училниците за екстерното оценување, односно ги компјутеризираат, но не само тоа туку и постојано се трудат да одат во чекор со технологијата со цел да обезбедат што е можно подобри услови за учење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град