Во посета на ОУ „Христо Узунов“ Охрид, денес беше Евроамбасадорот Ерван Фуере. Седмооделенците од ова училиште преку наставна програма учат за ЕУ и истото денес имаа можност да го покажат пред Фуере. Директорот на училиштето Оливија Пирузева Јанева рече дека присуството на Ерван Фуере е од големо значење не само за децата, туку и воопшто за сите.
Очигледно дека Фуере влезе во срцата на децата. Тоа го почуствува и самиот амбасадор и рече дека младите во Македонија се помудри од политичарите и дека политичарите треба да учат од нив.
Учениците овој момент посебно го доживеаа. Тие сметаат дека Ерван Фуере е голем човек, бидејќи ги посетил и одговорил на нивните прашања.
Фуере во рамките на својата посета одржа предавање пред учениците за основните начела врз кои се води ЕУ и сите земји членки. Проблемот заради кој нашата земја сеуште не е во големото европско семејство, Фуере го гледа во партизираната јавна администрација, митото и корупцијата, судството и др. Фуере во ОУ „Христо Узунов“ беше дочекан во беспрекорно добра организација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град