Основците од „Григор Прличев“ ќе добијат училница во природа

Ова е еден од проектите кои ги најави в.д директорката на ова училиште, а кои треба да се реализираат во текот на ова лето.

 |  Мишел Наумоски  | 
Grigor ucilnica
Григор училница

Веројатно сите се сеќаваме на оние денови од нашето основно образование кога наставниците не носеа на настава во природа. Тоа беа денови на радост и возбуда верувам за сите нас.

ucilnica vo prirodaТокму часовите во природа, од наредната учебна година ќе станат реалност и секојдневние за основците од „Григор Прличев“. В.д директорката на ова училиште, Силвија Мојсовска, најави реализирање на неколку проекти во текот на летото, од кои еден е токму училницата во природа. Иновативна, несекојдневна, и во секој случај интересна идеја.

„Ќе биде тоа направено со дрвени клупи и табла да има, и да биде заградено. Тоа е некоја визија која сега ја планираме. И тоа да биде отворено, баш на овој дел. Имавме и предлог до секретарот, тие ни го прифатија. Имавме желба и тие нишалките позади гимназија да поднесиме барање ако може да преместат исто ваму за малечките да можат да се рекреираат, зошто тие преминуваат таму да се нишаат.“-рече в.д директорката на ОУ „Григор Прличев“, Силвија Мојсовска.

nishalki za GrigorПодршка добиваат и од локалната самоуправа. Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески вели дека уште од сега ќе започнат заеднички со училиштата да ги осмислуваат идните наставни програми.

„Наша тенденција како локална самоуправа е наставните програми да бидат со европски шмек, значи да почне да се размислува во друг правец, децата да се едуцираат на еден поинаков начин, само така ќе направиме промени во образовниот процес, ќе ги повторуваме успесите кои што ги остварија нашите најмлади сограѓани во текот на оваа година, а се надеваме дека догодина успесите ќе се многу побројни и позначајни.“-вели секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.

Училницата во природа ќе биде сместена во паркот кој е во рамките на основното училиште „Григор Прличев“.

В.д директорката на училиштето информираше дека веќе побарале дозвола од локалната самоуправа за да исечат дел од исушените дрва во паркот каде што ќе се наоѓа училницата во природа. Се надеваме дека оваа нивна идеја ќе се реализира во предвидениот рок.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top