Оштетен бетонски ѕид во Велгошти се заканува целосно да се урне

Велгоштани бараат да се санира потпорниот ѕид во близниа на основното училиште „Живко Чинго“ и спортската сала. Ѕидот се урнал од невреме кое го зафатило охридскиот регион во октомври минатата година, тврдат жителите. Тие укажаа дека бетноски дел паднал токму на патот кој што вообичаено го користат децата од училиштето и спортистите кои вежбаат во салата.

 |  Николоска Биљана  | 

Оштетен потпорен ѕид во билизина на основното училиште во Велгошти се заканува целосно да се урне. Првите посериозни одрони на бетонскиот ѕид се случиле во октомври месец, минатата година, како што убедува Митко Речкоски, кој живее во непосредна близина. За среќа тогаш била предизвикана само материјална штета бидејќи ѕидот паднал во раните утрински часови. Речкоски кажува дека таа вечер силен тресок ги подигнал од кревет, а изутрина имале што да видат, целиот пат затрупан со земја и делови од бетонскиот ѕид.

„Падна, ноќе беше некаде околу 3 до 4 часот, среќа и тоа голема бидејќи децата од тука поминуваат за на училиште, не само деца, во сала одат спортисти, па во Св. Петка манастирот одат луѓе и овде паркираат. Во несреќа и среќа имаме што фактички никого не уби. Пријавивме бандериве беа свиткани. Еве бандерава е врзана за вратилово. Доаѓаат гледаат се чудат и никој жив не кажува што да правиме“.

Речкоски вели дека не знае што треба да прават, бидејќи никој од надлежните досега ништо не презел за решавање на овој сериозен проблем. Тој нагласи дека со паѓањето на потпорниот ѕид се разнишале и бандерите и не биле стабилни, а местото било подложно и на собирање вода бидејќи тука на сред ѕид била поставена цевката од атмосферската канализиција.

„Сто пати сме јавени во дистрибуција за струјава, бандерава беше навалена, скроз ја врзаа за вратилово и вака стои еве уверете се и сами и видете. Апел да испратиме од децава, не од мене лично, бидејќи децава повеќе го користат, а кога ќе заврне дожд тоа е чудесија…цела река како дрим тече“-вели Речковски.

Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, затечени од состојбата. Портпаролот Љупчо Танески вели дека кај нив досега никој не реагирал за овој случај. Но, сепак нагласи дека, дел од нивната годишна програма за работа вклучува и санација на потпорни сидови на територијата на општина Охрид во соработка со ЈП „Градски Гробишта“. Досега санирале потпорени ѕидови во стариот дел на градот, во Рача, Коњско а во план била и санација и на ѕидот во Велгошти. Според Танески тоа ќе се направи откако надлежните служби на Секторот ќе изготват предмер пресметка, па потоа ќе склучат договор со ЈП „Градски Гробишта“ за изведба на градежни работи за санација на тој потпорен ѕид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top