Во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која има за цел, преку изработка на мали проекти од страна на младинците на Црвен крст Охрид, да се прибираат средства за помош на различни целни групи на ранливо население, тимот на млади на Црвен крст Охрид во соработка со Извидничкиот одред Пионер од Охрид, под мотото „Истражи го Охрид“ ќе реализираат хуманитарен натпревар за ориентација во урбана средина, со назив „КОМПАС“.

Учесници на овој натпревар се ученици од сите основни училишта во Охрид, кои организирани во екипи од по шест ученици, ќе се натпреваруваат во брзина и вештина на поминување на 18 пунктови низ градот Охрид кои ќе бидат лоцирани на атрактивни знаменитости или во важни институции. На секој пункт натпреварувачите ќе бидат дочекани од волонтер на Црвен крст Охрид и Извидничкиот одред Пионер, каде ќе им биде поставена загатка која ја крие следната дестинација-пункт каде треба да се упати екипата. Екипата која за најкратко време ќе ги помине сите 18 пунктови и ќе стигне на целта на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе биде прогласена за победник и од организаторите ќе добие награда.
На овој начин, преку игра и забава младите ги запознаваат знаменитостите на Охрид и ја покажуваат својата хуманост и солидарност преку партиципација од 50 ден. за учество на овој натпревар. Собраните средства ќе се наменат за помош на семејството Рамадан од Охрид, за набавка на основни средства за потребите на нивниот син Омер.
Хуманитарниот натпревар „КОМПАС“ започнува во 9 ч., на 13.05.2014 (среда) од Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, а прогласувањето на победникот ќе биде околу 13 ч. на истото место.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град