Да се заштити охридскиот патлиџан, охридската цреша и останатите стари сорти на овошје и зеленчук. Да останат генетски чисти и да не се дозволи да се измелезат, сугерираат научниците. Тие водат битка за зголемување на органското производство на храна која е висококвалитетна и безбедна.
Охрид ги има сите предиспозиции за да произведува здрава органска храна. Неговата специфична место положба, климатските услови, релативно чистата животна средина се првите предуслови за одгледување здрави производи. Ваквиот вид на храна е многу богата со минерали, се зголемува нејзината нутритивна вредност и е безбедна и висококвалитетна. Многу е важно да се зачуваат и автохтоните сорти на овошје и зеленчук. Охридскиот патлиџан, охридската цреша, пиперката на ниту едно друго место не успеваат и не се со таков квалитет како овде.
Охридскиот регион е погоден за овие производи поради неговиата клима па затоа треба тоа да се искористи и овие производи што повеќе да се одгледуваат. Граѓаните треба да се стимулираат ад одгледуваат автохтони видиови а не генетски модифицирани кои се многу штетни по здравјето на луѓето, вели Проф. Д-р Мирјана Менковска- од институтот за сточарство при УКИМ.
Проф. Д-р Менковска сугерира што поскоро да се зштитат старите сорти на овошје и зеленчук, да се направат банки за семиња на овие видови како би се зачувале во нивната оригинална форма. Да останат генетски чисти и да не се дозволи да се измелезат. Тоа може да се направи само доколку се сертифицираат, додава Менковска.
Зa тоа е потребна соработка помеѓу индустријата, производството и академската средина. Направени се првите чекори во оваа област, но треба уште многу да се работи и да не се потценува ничие знаење и искуство, потенцира професорката.
Во Македонија во 2009 год. започна да се имплементира Законот за органско производство на храна, а во 2011тата претрпел дополнувања. Во светот органското производство на храна започнало во 1992 год. Кога за прв пат бил донесен овој закон. Полека но сигурно светските достигнувања се приближуваат до нашата јавност, а нашите до светските, вели Проф. Д-р Менковска. Таа додава дека пред десетина дена се вратила од Лондон каде се одржала 4тата престижна конференција во областа на прехрамбената технологија и биотехнологија организирана од ОМИКС- меѓународна група на конференции . Проф. Д-р Менковска е член на организациониот одбор на таа конференција па лично се заложила конференцијата која ќе се одржи во 2018тата година да биде во Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град