Општинските административци на работилница за поголема ефективност во работењето

Работилницата следеше по шестмесечната обука за самооценување на општинската администрација по теркот на Британската државна администрација. Целта според Локалната е да се зголеми нивото на професионалност на административците во работата со граѓаните и правните лица.

 |  Мишел Наумоски  | 
administracija
администрација

Раководителите на секторите во Локалната самоуправа и други вработени од сите сектори во општината на дводневна работилница во Маврово ги одредуваа приоритетите за зголемување на нивната ефикасност. Станува збор за активност во рамките на шестмесечната обука на општинската администрација за поголема професионализација во работењето со граѓаните, односно проектот за самооценување на општинската администрација.

rabotilnica opstinska administracijaВо рамките на целокупната обука како пример се земале практиките во работењето на Британската државна администрација.

„На оваа дводневна работилница се работеше пленарно и во групи, резултатите ќе ги добиеме наскоро и во електронска форма од модераторите односно Центарот за промени. Што значи тоа? Тоа значи дека шестмесечните обуки полека завршуваат, а се во насока како што реков на поголема професионализација на општинската администрација. Се надеваме дека од тоа бенефит најмногу ќе имаат граѓаните на општина Охрид и сите други правни лица кои имаат потреба од услуги на општинската администрација.“-рече портпаролот на општина Охрид, Томе Џамтоски.

Според Џамтоски главна цел на дводневната работилница е да се донесат стратешки мерки за подобрување на ефикасноста на општинската администрација. Тој информира дека по добивањето на финалниот извештај од организаторите на работилницата ќе се пристапи кон изготвување на акционен план за тоа како ќе се спроведуваат овие мерки. Инаку обуките и оваа работилница ги спроведуваа Британската амбасада и Центарот за управување со промени од Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top