Охриѓани конечно можат да здивнат. Градоначалникот Никола Бакрачески денеска го потпиша известувањето за раскинување на договорот со ДООЕЛ „Сузуки“, за закуп на паркинзите.
Како што ТВМ неофицијално дознава, општина Охрид веќе ја спроведува одлуката за раскинување на договорот за закуп на паркинг простор во централното градско подрачје со кој што во моментов стопанисува ДООЕЛ „Сузуки“, Охрид.
Согласно заклучокот на Советот на општина Охрид од 10ти Мај 2013 год, за раскинување на договорот за користење на паркинг просторот, досегашниот приватен субјект не ќе може да наплаќа за паркинг местата.
Од Локалната самоуправа најавија подетални информации во текот на утрешниот ден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град