Општина Охрид: Вработувањата се стручни и компетентни

Денес општина Охрид им се  заблагодарува    на СДСМ- Охрид  за   евиденцијата што тие ја правеле   околу бројот на распишани огласи за вработувања  откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески и притоа потсетува дека овој политички субјект заборавил  да каже дека  во периодот на 2013 година пред доаѓањето на актуелната локална власт,со сомнителни договори за вработување  преку ноќ во општина Охрид работно ангажира  325  партиски лица, од кои голем дел без почитување на законските процедури

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Денес општина Охрид им се  заблагодарува    на СДСМ- Охрид  за   евиденцијата што тие ја правеле   околу бројот на распишани огласи за вработувања  откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески и притоа потсетува дека овој политички субјект заборавил  да каже дека  во периодот на 2013 година пред доаѓањето на актуелната локална власт,со сомнителни договори за вработување  преку ноќ во општина Охрид работно ангажира  325  партиски лица, од кои голем дел без почитување на законските процедури.

општинаИсто така СДСМ – Охрид е партија која го зголеми бројот на вработени во општинската администрација од 52 –ца   дури на  275  лица,  само во Локалната самоуправа и уште неколку 100-ина во јавните претпријатија. Притоа,  најголем дел   од нив без соодветна стручна подготовка  и образование.

За разлика од СДСМ- Охрид,  која распишуваше огласи за  конкретни  лица најчесто од матичната партија, сегашната локална власт објавува огласи за вработувања на лица кои се стручни, компетентни и можат да допринесат во креирањето на подобра иднина за Охрид и кои имаат капацитет да го извлечат градот од бездната во која СДСМ- Охрид во нивното  8 годишно владеење длабоко го закопа на дното.

За  манипулациите   што ги правеа со охриѓани  и за тоа што социјалдемократите безмилосно   оставија на улица  лица  кои   работно ги ангажираа во градинките и училиштата,а кои денес ги исплатува актуелното локално раководството, СДСМ- Охрид е доволно казнета од охриѓани.

Дегутантно, смешно и политички незрело е креаторите на најголемата финансиска девастација на еден град што било кога се случила  во историјата на Р. Македонија а веројатно и многу пошироко да зборуваат за задолжувања на општината,   стои во реакцијата од Општина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top