• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Охрид ниту учествувала во изработката ниту го нарачала спотот за кампањата „Кажи НЕ на насилството“

Општина Охрид ниту учествувала во изработката ниту го нарачала спотот за кампањата „Кажи НЕ на насилството“

Овој видео спот кој преку ноќ стана жешка тема особено на социјалните мрежи, предизвика жестоки реакции поради начинот на кој беше пренесена пораката за ненасилство. Од изработката на спотот се огради и Министерството за внатрешни работи, додека од Мисијата на ОБСЕ во Скопје ниту потврдија, ниту негираа дека тие го нарачале истиот.

 |  Мишел Наумоски  | 
nasilstvo
насилство

Општина Охрид ни крива ни должна го извлече најдебелиот крај во приказната околку спотот изработен во рамките на кампањата „Кажи не на насилството.“

izborot e tvojОва контроверзно видео предизвика навистина жестоки реакции во јавноста, особено на социјалните мрежи поради начинот на кој во видеото беше пренесена пораката за ненасилство. Коментарите на социјалните мрежи се движеа од тоа дека спотот е полн со стереотипи поврзани со имиџот на насилниците до тоа дека општината со пари на граѓаните финансирала таков спот кој стигматизира. Лавината реакции на сметка на општина Охрид по социјалните мрежи започна поради тоа што ова видео е аплоудирано и се наоѓа на јутјуб каналот на општината од каде најголемиот дел од граѓаните истиот го виделе. Поведени од навистина жестоките реакции, побаравме одговори од локалната самоуправа на кој начин тие биле вклучени во кампањата за борба против насилството, а во рамките на кој беше креирано и контроверзното видео. Од таму со одговор:

nasilstvo mladi„Општина Охрид не учествуваше во изработката, осмислувањето ниту во финансирањето на спотот за кој прашувате. Единствената поврзаност на општината со споменатиот спот се состои во тоа што истиот е објавен на официјалниот Јутуб канал на Општина Охрид, единствено на овој начин општината се вклучи во поддршката на целата кампања и идејата да се сузбие насислтвото во училиштата. Од тука цениме дека не сме повикани да коментираме околу осмислувањето и содржината на спотот, која за некои граѓани можеби е дискутабилна, а за некои не е дискутабилна.“

Со оглед дека изработката на видеото е во рамките на проектот „Безбедни училишта-хармонична средина“, проект чие спроведување доби поддршка и од Министерството за внатрешни работи, побаравме одговор и од нив за тоа во кој дел од проектот тие зеле учество, односно дали се нарачатели на контроверзното видео. Од таму со одговор:

izbor slikarka„Спотовите насловени “Кажи му не на насилството” не се финансирани и изработени од Министерството за внатрешни работи. МВР ниту објавило тендер, ниту пак ја спроведувало јавната набавка. Немаме информација дали конкурирале и други продукции, какви биле нивните предлози и зошто бил избран токму посочениот, како што немаме информација ниту која е продуцентската куќа или колку чинела нивната понуда. Сакаме да посочиме дека МВР не учествуваше ниту во идејното осмислување, ниту во реализацијата на видео спотовите. Министерството беше единствено партнер при реализирање на проектот “Безбедни училишта”.“

Од МВР додаваат дека тие не поддржуват, ниту пропагираат никакви стереотипи. Велат дека за нив, сите граѓани биле и ќе останат еднакви пред законот.

spot nasilstvoПоради бројните реакции во јавноста, со официјален став околу видеата излегоа и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје кои се потпишани како поддржувачи на проектот. Од таму дадоа само коментар околу содржината на видеото. Ралф Брет, официјалниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје вели:

 „Целта на видеото е да прикаже со каков тежок избор се соочуваат младите луѓе. Намерата на ова видео е да испрати силна порака, без намера да се промовира каква било дискриминација или стереотипи. Ја разбираме загриженоста којашто беше искажана неодамна, а во исто време веруваме дека најважен аспект во видеото е пораката, чија цел е да ги одврати младите од насилство. Поради тоа би сакале гледачите повеќе да се осврнат на проблемот, отколку на ликовите во видеото.“

Во контакт со лицата за односи со јавност при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на прашањето околу тоа дали тие се нарачатели и финансиери на контроверзните видео спотови, за разлика од другите засегнати страни, ниту негираа, ниту потврдија. Инаку што се однесува до кампањата „Кажи НЕ на насилството“, на официјалната страна на мисијата на ОБСЕ во Скопје, стои дека медиумската кампања е дел од проектот „Безбедни училишта-хармонична средина“, а кој треба да се спроведува во 51 средно училиште во земјава, односно во градовите Скопје, Тетово, Охрид, Струга, Гостивар, Кичево, Битола, Прилеп и Македонски брод.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top