Општина Охрид годинава и финансиски и организациски ќе помага за меѓународниот охридски пливачки маратон.
Охрид одбројува до меѓународниот пливачки маратон. Локалната власт годинава активно се вклучува во негово помагање покрај со финансии и во организацискиот дел.
Преку одлука на совет одобрени се средства во висина од 300 000 денари за финансиска подршка на маратонот , а од друга страна имаме и добар дел од активностите на мартонот ќе бидат логистички подржани од наша страна. Ова е за прв пат конкретна и голема помош во поглед на самата организација на маратонот“, истакнува раководителот на ТЛЕР Ѓоко Апостолов.
„Маратонот знаеме на кое ниво е сведен последниве години. Ние како локална самоуправа немаме ингеренции во самата техничка организација, единствено што сакаме да помогнеме во согласност со нашите можности и капацитети во овој момент, но она што планираме да го направиме како локална самоуправа на иницијатива на градоначалникот е и еден од заклучоците на претодходната седница на совет на градските татковци е дека од следната година по завршувањето на овој маратон ние ќе побараме Општина Охрид да биде и органзатор на маратонот. Но, не само да се организира маратонот како таков, туку да преставува една можност за анимирање на туристи како при крајот од турисичката сезона планираме од следната година маратонот да биде само повод или мотив, а денот или деновите околу одржувањето на маратонот да се случуваат и повеќе активности или манифестации кои би го надополниле овој ден“, истакна раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.
Апостолов открива дека желбата на градоначалникот Бакрачески и локалната е да се направи збогатување и проширување на активностите околу маратонот, со цел да се привлечат што повеќе туристи за време на одржувањето на оваа врвна спортска манифастација, не само за Македонија и Охрид, туку и пошироко. Токму поради тоа и манифестацијата „Охридска софра“ во чиј склоп е Ѓомлезијадата ќе се одржи на 24 август, на самиот ден на одржувањето на маратонот . На овој начин од ТЛЕР очекуваат сите гости кои ќе ја следат манифестација да можат да го следат и маратонот.
Раководителот на ТЛЕР додава дека општина Охрид годинава само ќе помага од следната година ќе се направи се Охридската локана самоуправа да биде и организатор на оваа манифестација.
„Ние не сме организатори. Ние сме град домаќин и како локална самоуправа само финасиски и технички го помагаме само одржувањето на маратонот, во рамките на нашите можности. Органиатор е пливачка федерација на Македонија. Од информациите од нив досега биле пријавени 32 пливачи што е добра бројка, минатата година имавме 27, имаме повеќе спрема мината година, но очекувам дека оние проблеми кои до овој момент се присутни дека ќе се надминат иако маратонот ни е за десетина дена и дека ќе имаме успешна реализација на овогодинешниот маратон“, додава Апостолов.
Апостолов открива дека локалната веднаш по завршувањето на 27 пливачки маратон, ќе покрене иницијатива од следната година заедно со пливачката федерација да бидат органзатори на охридскиот пливачки маратон. Тој додава дека од годинава локалната ќе направи се маратонот да си го врати реномето и квалитетот и повторно да биде спортски настан број 1 во регионов и пошироко. Инаку Охридскиот пливачки маратон кој се плива на патеката Климе Савин од Св Наум до градското пристаниште долга 30 км е дел од 12-те трки во рамки на Гран-при серијата на Меѓународната пливачка федерација. Досега најголем број победи има бугаринот Петар Стојчев кој дури 11 пати прв пристигнуваше на целта. Годинава Стојчев нема да учествува.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град