Општина Охрид доби награда

Општина Охрид доби награда за Проектот за Најдобри практики. Овој проект беше спроведен од страна на Зелс и Советот на Европа.

 |  Лионела Јаковлева  | 
priznanie
признание

Општина Охрид доби награда за Проектот за Најдобри практики. Овој проект беше спроведен од страна на Зелс и Советот на Европа. Проектот Најдобри практики имаше за цел да им помогне на општините во јакнење на капацитетите на администрацијата со цел да се оствари побргу заложбата за создавање ефикасна и одговорна општинска администрација.

priznanieГрадоначалникот на Охрид истакна дека оваа награда е посебно значајна за него и за општината. Тој додаде дека оваа значајна награда и се доделува на општинската администрација за нејзиниот придонес за зголемување на квалитетот на услугите во процесот на децентрализацијата, во развојот на управувачки-информативен систем за евиденција, регистрацијата и категоризацијата на сместувачките капацитети, како и следењето на уплатата за туристичката такса во основните и комплементарните сместувачки капацитети. Признанието на Охрид му е доделено во конкуренција на 84 општини во Македонија.

Првата награда ја доби општината Долнени, додека третата награда отиде во Струмица. Наградените општини имаат обврска да организираат Отворен ден, на кој ќе ги претстават своите општински практики. Градот Охрид своите активности во таа насока ги закажа за 14 ноември.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top