„Темата на денешната прес-конференција е долгот во кој што, буквално, се дави Општина Охрид, но и начините на негово разрешување“, рече кандидатот за градоначалник на на ВМРО ДПМНЕ.
„Темата на денешната прес-конференција е долгот во кој што, буквално, се дави Општина Охрид, но и начините на негово разрешување“, рече кандидатот за градоначалник на на ВМРО ДПМНЕ.
„Сите знаеме дека Општина Охрид е прездолжена, нејзиното функционирање е отежнато, најголем дел од плаќањата одат преку цесии и компензации, а за жал за нормално функционирање на општината се користат и сметките на „Комуналец“, „Проаква“ . Јас, заедно со голем тим на експерти од економските и правните науки утврдивме предлог програма за решавање на овој проблем“, рече Трендафилов.
„Втората работа што ќе ја направам е согласно одлуката на Управниот одбор на ЗЕЛС да доставам предлог санациона програма до Министерството за финансии со која што ќе побарам репрограмирање и санација на долгот на општината .Потоа ќе направам се за да воведување на јасен систем на наплата на обврските кон општината, при што примарно место ќе дадам на комуналиите, како и домаќинско прибирање на приходите од сите услужни дејности на општината“, рече Трендафилов. Заедно, продолжи тој со мојот експертски тим ја разгледувавме можноста Општината да издава општински обврзници.
На денешната пресс конференција пред новинарите се обрати и носителот на советничката листа со број 13 Владо Цветкоски.
„На Охрид му е потребен нов економски импулс за брз развој на општината“, рече Цветкоски.
„Сметам дека најважно е градоначалникот да е од иста политичка провиненција како и владата на Република Македонија.Ако го избереме Кирил Трендафилов и со помош на владата на Р Македонија, ќе можеме да ги реализираме проектите кои се дел од изборната програма на ВМРО ДПМНЕ“, рече Цветкоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град