• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Проектот за правилен развој на децата веќе се спроведува во Дебрца, во Охрид сеуште е на разгледување

Проектот за правилен развој на децата веќе се спроведува во Дебрца, во Охрид сеуште е на разгледување

Според Каланоски, потребно е веднаш да се реагира за да се спречат посериозни проблеми во растот и развојот на децата.

 |  Мишел Наумоски  | 
vezbi
вежби

Проектот за безбеден раст и правилен физички развој на децата кој го спроведува кинезитерапевтот Јован Каланоски успешно функционира во општина Дебрца. Овој проект пред околу 2 години се спроведуваше и во општина Охрид, а резултатите добиени од тогашните испитувања зборуваа за сериозен број на деформитети кај децата од основните училишта. Каланоски вели дека не само што процентот на деца кои имаат некаков деформитет е голем, туку и дека за жал тој процент од година во година расте.

vezbi Kalanoski„Проектот е доста интересен како за нашиот град, така и за општините од околината, така и за децата и нивните родители, затоа што се вршеа прегледи и уште се вршат и децата кои имаат посериозни проблеми почнуваат со тренинзи во студио Кинезио. Тие тренинзи за нив се бесплатни, дали шест месеци или година дена се тренираат со цел да се искорегира нивниот проблем. За овој проект се грижат општините кои што ни пружаат рака да го реализираме заедно.“-вели кинезитерапевтот Јован Каланоски.

Проектот за безбеден раст и развој во моментот се спроведува само во општина Дебрца. Градоначалникот Игор Трајкоски вели дека ваков проект за прв пат се спроведува во општината, но изрази надеж дека истиот ќе продолжи и наредните години.

Igor Trajkoski„Ова е нов проект за општина Дебрца и со оглед дека живееме во ново време, наите деца се повеќе во тренд со технологијата, информатичката технологија, затоа одлучивме да направиме едни прегледи и да видиме како се развиваат децата. Со овој проект ќе им овозможиме на децава да доколку имаат некои здравствени проблеми, да се интервенира навреме и дека ќе имаат добро здравје.“-рече градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Со овој проект, Каланоски аплицирал и во општина Охрид, но вели дека досега од таму нема одговор.

rakomet deca„Барање за реализација на овој проект е поднесен во општина Охрид, не е одбиен, но не е ни прифатен. Се надевам дека ќе почнеме да го реализираме пред децата да заминат на летен распуст. Како и да е, јас сум кажал неколку пати, нема децата да останат на цедило, доста родители ми ѕвонат, ме прашуваат до каде е проектот, дали ќе се продолжи да се прегледуваат децата, дали ќе има и оваа година. Претходната година да кажам дека беше 90 дена, секој ден максимално вежбање. Проект се надевам дека ќе има, дека и општина Охрид ќе ни излезе во пресрет како и општина Дебрца. -изјави Каланоски.

Стапивме во контакт и со локалната самоуправа. Од таму ни потврдија дека ваков проект пристигнал кај нив, но дека е заедно на разгледување со останатите проекти со кои било аплицирано до локалната.

Инаку само колку за илустрација, според испитувањата на Каланоски, во 2012та година, деформитети во мускулно-скелетниот систем биле откриени кај 70 проценти од децата во Охрид, додека пак наредната 2013та за жал имало пораст од дури 10%, односно 80 посто од децата имале некаков деформитет.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top