Општинските избраници со конзенсуз само по две точки

Охридските советници денес ја довршија својата работа завршувајќи ја 17 –та седница. Вториот дел од минатонеделната маратонска седница овој пат помина брзо.

 |  Валентина Неловска  | 
sednica
седница

sednicaОхридските советници денес ја довршија својата работа завршувајќи ја 17 –та седница. Вториот дел од минатонеделната маратонска седница овој пат помина брзо. За скоро еден час, општинскиот Совет ги усвои преостанатите 40 предлог-одлуки кои останаа на дневниот ред од 17-тата седница.
Со 13 гласови  од мнозинството беа изгласани сите одлуки од  урбанизмот  и разрешени и  именувани членови на УО во основните и средните училишта, како  и УО на Детската градинка „Јасна Ристеска“, додека опозицијата со 9 гласови се изјасни против одлуките. Консензус постигнаа за двете последни точки : формирање на Советот на потрошувачи и Локален комитет за изработка на ЛЕАП.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top