• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот правеше алко тестови и делеше едукативни материјали за безбедност во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот правеше алко тестови и делеше едукативни материјали за безбедност во сообраќајот

Ова е кампањата со која општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата денес ја подигаше јавната свест за страшните последици од возењето на моторно возило под дејство на алкохол.

 |  Мишел Наумоски  | 
alko test

Со отрезнувачката порака „Вози трезен, стигни жив“, денес општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ја спроведуваше републичката кампања со ист наслов, а насочена кон подигнување на јавната свест за последиците од управувањето со моторни возила под дејство на алкохол.  Според претседателот на општинскиот совет за безбедност на патиштата, Стефан Димоски, ваквите кампањи се еден начин како едукативно да се  влијае кај сите учесници во сообраќајот со цел елиминирање на можностите за сообраќајни незгоди.

vozi trezen stigni ziv„Целта на оваа кампања е да се подигне нивото на безбедносната култура кај сите учесници во сообраќајот, посебно кај оние кои управуваат моторни возила, велосипеди, но и кај сите учесници во сообраќајот. Она што посебно сакаме да го потенцираме денеска е сите оние кои управуваат моторни возила, не треба да користат алкохол. Кобен е алкохолот за управувачите на моторни возила, но и за останатите учесници во сообраќајот и е една од основните причини на случени сообраќајни несреќи во изминатиов период.“-рече Стефан Димоски-Претседател на Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата

Димоски потенцира дека потребата од вакви кампањи е дотолку понагласена поради алармантните статистички податоци за бројот на случени сообраќајни незгоди во градот.

kampanja vozi trezen„Податоците покажуваат дека во првите осум месеци на ниво на Охрид случени се 220 сообраќајни незгоди во текот на минатата година, додека во истиот период годинава случени се 216. Во минатата година имало во истиот период 3 жртви од сообраќајни незгоди, оваа година две. Ова се алармантни податоци кои што укажуваат дека ние мора да бидеме поревносни во однос на спроведувањето на превентивните мерки со цел да се едуцираат учесниците во сообраќајот, возачите на патнички возила и други моторни возила да бидат повнимателни, посебно да не управуваат моторни возила кога конзумираат алкохол.“-вели Димоски.

Димоски најави дека општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ќе реализира повеќе превентивни кампањи насочени кон сите учесници во сообраќајот. Потсети дека во изминатиот период спровеле неколку кампањи со различни целни групи како што биле кампањите со учениците од основните училишта и градинките. За во иднина најави превентивни кампањи кои ќе се однесуваат и на повозрасните граѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top