Општинскиот инспекторат има нов комунален инспектор. Дали сега граѓаните ќе можат полесно да си ги решат комуналните проблеми кои тапкале во место поради немање на инспектор. Од Локалната убедуваат дека и досега немало застој во работата на инспекторатот.
Гоце Ристески е новиот комунален инспектор при општинскиот инспекторат. Оваа информација ќе е многу корисна за сите граѓани кои имаа комунални проблеми, а немаа каде да се обратат бидејќи во општинскиот инспекторат подолго време немаше назначено лице на ова работно место. Граѓаните реагираа до нашата редакција дека ги пријавувале своите случаи во општината, но истите неможеле да им бидат решени бидејќи немало комунален инспектор.
Доколку на одредено работно место нема соодветно лице тоа не значи дека таа дејност или тој простор не е соодветно покриен. Иако немаше комунален инспектор другите инспектори излегуваа на терен и ги решаваа предметите, објаснува портпаролот на Локалната самоуправа Томе Џамтоски.
Џамтоски кажува дека доколку граѓаните имаат проблем тогаш можат да се обратат и до државниот инспекторат. Инаку според годишните извештаи на општинскиот инспекторат тој има реализирано висок процент на решени предмети.
Стотици и стотици предмети се обработени во 2015та година и тоа во повеќе области. Ние како Локлана самоуправа правиме напори инспекторатот максималнио да е ставен во функција на граѓаните бидејќи најголем дел од нивните проблеми се токму под ингеренција на општинскиот инспекторат, вели Џамтоски.
Општинскиот инспекторат конечно можеби доби комунален инспектор, но сеуште нема свој раководител. И после три години од доаѓањето на оваа локална власт не се најде соодветно лице кое ќе ја извршува оваа функција, а со тоа и работите да се одвиваат подобро и поефикасно, се жалат граѓаните.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град