Општинската зграда светна во боите на ретките болести

Со вечерашното осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести, локалната власт од Охрид се вклучува во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“. Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Струга и Дебрца, како и Самоиловата тврдина која што ќе биде осветлена цел месец.

 |   | 

Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели боите на ретките болести.

Во обид за глобална солидарност, на Светскиот ден на ретките болести 28-ми февруари во 19 часот по локално време секој човек може да го декорира својот дом со боите на ретките болести.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top