• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општинската организација на СДСМ ќе спроведува внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници

Општинската организација на СДСМ ќе спроведува внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници

Општинската организација на СДСМ ќе спроведува внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници на престојните локалани избори. Од таму велат дека со тоа ќе се зголеми демократичноста, транспарентноста и отвореноста на самата постапка за евидентирање и утврдување на кандидатите за градоначалници и советници.Додека во општинската СДСМ наголемо се подготвуваат за престојните Локални избори од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ велат дека сеуште е рано.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Општинската организација на СДСМ главен иницијатор за спроведување внатрепартиски избори за кандидати за градоначалници и советници на престојните локалани избори. Уште на 24 јануари Централниот одбор на СДСМ го усвоил правилникот и роковникот за начинот, критериумите и постапката за евидентирање и утврдување на кандидати за градоначалници и советници по Општинските организации на СДСМ за локлните избори 2017тата год. Правилникот и роковникот се направени врз основа на  Статутот на СДСМ. Ова следува откога највисокото раководство на партијата дало насоки на претседателите на општинските организации да размислуваат за зголемување на демократичноста, транспарентноста односно на отвореноста на самата постапка за евидентирање и утврдување на кандидатите за градоначалници и советници.

За таа цел ние во охридската организација направивме еден предлог за спроведување на внатрепартиски избори. Самата постапка ја замисливме врз основа на внатрепартиските избори во демократските држави во западната цивилизација каде на еден отворен транспарентен и јавен и јасен начин се отчитува вољата на членството во политичката партија, вели претседателот на ОО на СДСМ, Д-р Томислав Тунтев.

Највисокото раководство на СДСМ пред два дена ја усвоило оваа идеја и сега во тек е процедурата за утврдување на теркот кој ќе важи и за другите општински организации. Огласот за пријавување на кандидатите ќе биде објавен во јавните медиуми прво на централно па на локлно ниво.

Секој кој ги почитува, ги споделува и ги цени вредностите и критериумите и определбите на СДСМ може да учествува на тој оглас со што мора да бидат исполнети седум- осум критериуми кои веќе ги пишува во статутот на СДСМ или пишува во Правилникот и роковникот кој го донесе Централниот одбор4. Пред се тие личности мора да бидат познати, признати, авторитетни во својата локална средина, веќе докажани во професијата во која се наоѓаат и да уживаат несомнен углед кај членството на СДСМ, вели Тунтев.

Додека во општинската СДСМ наголемо се подготвуваат за листите со кандидати за градоначалник и советници, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Д-р Љубен Арнаудов вели дека кај нив сеуште нема некои позначајни активности околу престојните Локлани избори. Додава дека сега други работи се приоритет во партијата и дека има време до локлните кои според некои најави би требало да се одржат на 7ми мај.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top