Општината ќе распише тендер за отстранување на двата билборди во Парк.
Општината и по еден месец не го пронајде сопственикот на нелегално поставените билборди во комплексот Парк. Општинскиот Инспекторат го објавил повикот во Службен весник за да се јави сопственикот на билбордите. но без успех.
Бидејќи сопственикот не се јавил сам во законскиот рок, следува Локалнaта власт да ги отстрани билбордите. За да се отстранат големите билборди, потребно е ангажирање на дигалки од поголеми размери или да се ангажира фирма која ќе ги исече билбордите на делови, информираат од одделението за односи со јавност при ЛС. Додаваат дека со оглед на тоа дека поставувачот на билбордите е непознат и локалната не може да го наплати трошокот за остранување на истите, финансиски бенефит ќе се бара од продажбата на отстранетите билборди како старо железо или евентуално нивно повторно искористување како рекламни паноа.
Од Локалната самоуправа информираат дека во текот на оваа недела ќе распишат тендер за избор на фирма која ќе ги отстрани нелегалните билборди. По изборот на фирмата и по нивното демонтирање ќе се знае што општината понатака ќе прави со нив.
Тендерската постапка е потребна затоа што трошоците за отстранување ги надминуваат дозволените законски рамки за ангажман без јавен повик, односно, го надминуваат износот од 30.000 денари.
Од инспекторатот неодмна изјавија дека презеле акции со кои се намалил бројот на билбордите заради постоење на опасност од повреди. Со акцијата за отстранување на билбордите на Булевар Туристичка се потврдило дека градот поубаво изгледа без билборди.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град