Општина Струга објави Јавен повик за евидентирање на невработени лица

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Струга, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Швајцарската агенција за развој и за соработка, на ден 23.08.2019 година, Општина Струга објави јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа за проект “Социјални услуги за ранливи категории на граѓани”.

 |   | 

Сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Социјални услуги за ранливи категории на граѓани” можат да бидат работно ангажирани од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, а претходно да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно. За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Роми корисници на Гарантирана Минимална Помош
– Египќани корисници на Гарантирана Минимална Помош
– Лица со попреченост

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
– Социјални работници за давање на услуги во домашни услови

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга во периодот од 23.08.2019година до 30.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Струга и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Струга кај лицето Драги Бицески, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Струга кај лицето Дрени Даути, Центар за социјлна работа Струга кај лицето Вегим Нура.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top