• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Охрид: Во постапките за легализација локалната и советот се водат строго по Закон

Општина Охрид: Во постапките за легализација локалната и советот се водат строго по Закон

Полувистини, невистини и несериозни тврдења. Вака ги окарактеризираа од локалната самоуправа обвинувањата од Граѓанската иницијатива Охрид СОС. Од Локалната велат дека при постапувањето со нелегално изградени објекти , советот и општината се воделе исклучиво по Закон.

 |   | 

Изнесените тврдења и сомнежи од Охрид СОС во соопштение до јавноста по однос на неколку точки за легализација кои ќе се најдат на следната седница на совет, од локалната самоуправа ги окарактеризираа како невистини  и полувистини.

„Локалната самоуправа и советот на општина Охрид, строго водат сметка за носењето на ваквите одлуки на советот да на есе повреди законот, односно сторого одат по словото на законот за постапување со бесправно изградени објекти, доследно се спроведуваат сите аспекти и целата постапка максимално се почитува до крај, а доколку некој граѓанаин или неформално здружение смета дека нешто е нарушено во целата оваа постапка или целиот овој процес, Општина Охрид и Локалната самоуправа посебно секторот за управување со градежно земјиште и урбанизам секогаш е отворен за сите луѓе да бидат ирфонмирани и да видат како се постапува во однос на овие објекти. “– вели Томе Џамтоски. , портпарол на Општина Охрид.

Тоа што е сопственост на РМ според закон може да се легализира, вели општинскиот портпарол. Објекти кои што се сопственост на државата а се бесправно изградени може да ја добијат правната заштита. ЗА објекти кои се изградени во заштитениот крајбрежен појас, од локалната велат дека во целата постапка задолжително се прибавува мислење по службена должност од Министерството за животна средина и просторно планирање, за сите објекти освен оние кои се наменети за станбено домување. Што се однесува до обвинувањето од Охрид СОС дека пред советниците ќе се најдат и одлуки за легализирање на објекти кои не постојат на посочените парцели, од локалната велат дека тоа е несериозно тврдење од неформалното граѓанско здружение.

„Во целата постапка, јас не елаборирам, има фото документација и навистина е неодговорно да се тврди дека ние легализираме објект кој не посотоел. Во целата постапка има фотодокументација објектот се фотодокументира , нашите служнби тоа го прават па потоа се пристапува кон целиот процес на легализирање на тој објект. Навистина е несириозно да се каже дека советот би донел одлука да се легализира објект кој фактички не постои во менетот, значи премногу сериозно бовинување е и претпоставувам дека за таквите работи има и други институции кон кои треба да се обратат.“ – кажа Џамтоски.

Од локалната сите кои имаат некаков сомнеж незадоволство или недоразбирање околу одлуките за легализација на бесправно изградени објекти, ги упатуваат на надлежни институции и истанци како  МВР и Јавното Обвинителство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top