Општина Охрид и официјално влегува во втора фаза на децентрализација

Со одлука на Владата на Република Македонија, на нашата општина и се овозможи влез во втората фаза на децентрализација со старт од 01.10 2012 година, информираа денес од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 |  Крсте Голабовски  | 
Opshtina
Opshtina

Со одлука на Владата на Република Македонија, на нашата општина и се овозможи влез во втората фаза на децентрализација со старт од 01.10 2012 година, информираа денес од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Конечно Општина Охрид влегува во втора фаза на децентрализација. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ денес на јавноста им ја соопштија веста која според нив, „би можела да го пормени текот на развојот на Охрид, како и функционирањето на досега нефункционалната Локална самоуправа“.

„Во неделата на 4-ти декември 2011 година со одлука на Владата на РМ, на Општина Охрид и се овозможи влез во втората фаза на децентрализација со старт од 01.10 2012 година“ соопшти Секулоска.

„Инаку станува збор за одлука која долго ја очекувавме, и за која како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја подржувавме на седниците на советот. Ова е одлука за која како советници лобиравме пред централната власт за да го одобри влезот во втората фаза на децентрализација и покрај сите недостатоци кои ги има општината Охрид“, додава Секулоска. Таа објасна дека недостатоците евидентирани во најновиот ревизорски извештај, и зголемените долгови на општината, биле претешки факти за да се стават на страна, при донесување на оваа одлука, но од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, сепак се задоволни што владата на РМ ја донела оваа одлука.

ohrid charshija„Знаејќи го капацитетот и потенцијалот на овој состав на Локалната самоуправа немаме баш доверба и големи очекувања дека правилно ќе го искористат мометот имајќи го предвид фактот дека за оваа ЛС поимите јавно добро и јавен интерес се мисловна именка“ објасни Секулоска.

Втората фаза на децентрализација ќе донесе нови надлежности на општината и ќе отвори нови можности за проектирање како на приходните така и на расходните ставки на буџетот со што ќе отвори нови порти во интерес на граѓаните на Охрид. Ова е еден нов импулс кој локалната треба да го искористи, импулс кој го дава Владата со својата политичка одлука за идниот развој и новите економски перспективи на граѓаните на Охрид, само потребно е ЛС да го ефектуира во конкретни проекти и мерки кои ќе обезбедат и враќање на кредитот и можности за иден економски и севкупен развој на градот, потенцираше Секулоска.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top