Општина Охрид со поддршка на кампањата против насилство врз жените

Градоначалникот Кирил Пецаков на неговата официјална фејсбук страна соопшти дека Општина Охрид ќе ја поддржи кампањата против насилство врз жените.

 |   | 

Градоначалникот Кирил Пецаков на неговата официјална фејсбук страна соопшти дека Општина Охрид ќе ја поддржи кампањата против насилство врз жените.

Обој го светот портокалово: КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ СЕГА! Кампања 16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата која започнува денес, 25 Ноември – Меѓународниот ден на елиминација на насилството врз жените, а трае до 10 Декември – Денот на човековите права. Зградата на Општина Охрид симболично има да биде осветлена во портокалова боја со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство – вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top