• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%

Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%

Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%. Услов за да се добијат субвенциите е тие да се  инвестираат во осовременување на сместувачки капацитети и подобрување на квалитетот на приватното сместување.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Општина Охрид ќе ја субвенционира уплатената туристичка такса од приватните станоиздавачи 100%. Оваа мерка на локaлната ќе стартува од оваа година , а целта е што повеќе да се стимулираат приватните станоиздавачи да уплаќаат туристичка такса, а со тоа да прикажуваат реално колку гости имале во текот на туристичката сезона. Но, за да добијат субвенции има еден услов со кој општината на некој начин се заштитува од злоупотреба на оваа поволност која ја нуди.

Субвенциите кои ќе ги добијат од нас ќе мора да ги инвестираат во осовременување на своите сместувачки капацитети и на директен начин да можиме да придонесиме на подигнување на квалитетот наприватното сместување, вели Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР.

Веќе е објавен првиот повик за пријавување на сите приватни регистрирани станоиздавачи да се пријават во ТЛЕР и да ги подигнат документите за субвенционирање по што комисија формирана од општината ќе ги посети поединечно за да ја утврди фактичката состојба.

Тоа ќе биде како еден мини проект на приватните станоиздавачи кои во апликацијата ќе треба да наведат со висината на уплатените средства и висината на средствата која ја бараат за субвенционирање што планираат да направат. Комисијата ќе излезе на терен и ќе ја утврди фактичката состојба, односно дали она што го бараат е адекватно на реалната состојба, вели Апостолов.

Минативе години интересот на приватните станоиздавачи за добивање субвенции од општината бил на едно задоволително ниво. Просечно годишно по 40тина станоиздавачи поднесуваче барања до локалната. Секоја година висината на уплатената туристичка такса била се поголема. Со оваа најнова мерка се очекува бројот на станоиздавачите кои уплатуваат туристичка такса уште повеќе да се зголеми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top