ОПШТИНА ОХРИД ЈА ПРОДЛАБОЧУВА СОРАБОТКАТА СО ТУРСКИТЕ ОПШТИНИ ВО СФЕРАТА НА ТУРИЗМОТ

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, во Истанбул, Република Турција, оствари средба со генералниот секретар на Унијата на Општини, Фахри Солак.

 |  Голабовски Крсте  | 

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Кирил Пецаков, во Истанбул, Република Турција, оствари средба со генералниот секретар на Унијата на Општини, Фахри Солак.

На средбата се разговараше за продолжување на добрата соработка со Општина Охрид и продлабочување на соработката во туризмот. Се разменуваа мислења за организирање на промоција на Охрид во Република Турција.

Разговарано беше и за размена на вработените од општинската администрација во делот на туризам со други туристички развиени општини од Република Турција. Исто така беа разменети искуства и во други области и беше разговарано за реализација на заеднички проекти.

Унијата има 30 земји членки со повеќе од 1000 општини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top