Во општина Охрид излезност од 37%

Утрово во 7 часот беа отворени сите 72 избирачки места во општина Охрид.

 |  Татјана Маленкова  | 
izbori
избори

Утрово во 7 часот беа отворени сите 72 избирачки места во општина Охрид. Гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера.

Според податоците на општинската изборна комисија до 13 часот вкупно гласале 20155 глсачи или 37,02 % од евидентираните избирачи на единствениот избирачки список.

OISHПретеседателката на Општинска Изборна Комисија Ангелина Недеска изјави дека до овој момент не се евидентирани нарушувања на изборниот процес.

Во единствениот избирачки список евидентирани се вкупно 54437 граѓани со право на глас.

Во споредба со предходните избори има промена на некои избирачки места:

– Гласачкото место 1254 наместо да се гласа во објектот на ЕВН ќе се гласа во ЈП Комуналец во грдаски пазар, оваа измена беше и за претходните избори и останува,

– Гласачко место 1265, наместо во ЕМО ќе се гласа во Ремис – Лескајца и оваа промена беша направена претходните избори,

– Гласачко место 1266 од објектот Слобода  ќе се гласа во објектот Ремис во Лескајца,

– Гласачко Место 1268 наместо во Живинарска фарма, сега ќе се гласа во објектот на Градинар на улица Егејска,

– Гласачко место 1296, Наместо во ОУ во с. Велестово ќе се гласа во просториите на месната заедница,

– Гласачко место 1303 ќе се гласа во приватна куќа на Јован Димоски,

– Гласачко место 1308 – Наместо во МЗ Воска ќе се гласа во поранешната аптека во Воска

– Гласачко место 1313 Наместо во Месна заедница Подмоље, ќе се гласа во приватна куќа на Митрески Станислав.

Годинава е укинато гласачкото место во с. Скребатно, а гласачите од ова избирачко место ќе гласаат во Лескоец.

 Инаку на единствениот избирачки список во општина Охрид регистрирани се вкупно 54 437 граѓани со право на глас.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top