Општина Охрид ги награди најдобрите ученици. Денес кога се слави големиот празник на сесловенските просветители Кирил и Методиј, се одбележува знаењето и успесите на нашите ученици, постигнати на натпреварите. Поддршката на талентираните ученици треба да зазема високо место во агендата на локалната самоуправа за да се овозможи адекватен прогрес и развој на заедницата, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.
Награди за ученици кои највисоко се рангираа на регионалните и државни натпревари. За нивниот постигнат успех со кој се гордее градот , Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денеска пред споменикот на сесловенските просветители Кирил и Методиј им додели околу 230 награди. Учениците искажаа голема благодарност за ваквото признание, а наградите за нив претставуваат мотив плус и понатаму да продолжат со успеси.
„За мене овие награди се со големо значење. Им благодарам на сите, посебно на градоначалникот. Ова ме инспирира да продолжам со успеси понатака а истото им го посакувам и на другите“, вели една од наградените.
„Наградава има големо значење за мене, сакам да му заблагодарам на градоначалникот и на мојот наставник Владо Андреески“.
„Јас добив награда на државен натпревар по природни науки. Оваа награда значи многу потврда за вложениот труд“.
Беше тешко, но со вложениот труд и заедно со мојот ментор Вера Зороска успеавме да се искачиме на 3 то место“ – велат наградените ученици
Градоначалникот честитајќи им на учениците истакна дека целта на натпреварите е продлабочување на знаењата во одредени научни дисциплини и поттикнување конструктивен натпревар меѓу учениците за постигнување повисоки образовни цели.
„Бројните награди кои што денес ги добија учениците од основните и средните училишта од Охрид на различни општински и државни натпревари е нешто што ги радува не само самите добитници и нивните семејства туку е нешто што треба да го радува и градот Охрид и нас како Локалана самоуправа бидејќи тоа претставува еден силен поттик за развоја на заедницата во секоја смисла“
Градоначалникот истакна дека младите се движечката сила на секое општество и затоа нивната заложба била континуирано инвестирање во знаењата на младината. Тој смета дека наградите кои ги доделиле денеска ќе претставуваат едно големо признание и дополнително ќе ги мотивираат добитниците, но и оние кои сакаат да се вбројат во најдобрите за идните натпревари, континуирано да размислуваат и вложуваат во подобрувањето на сопствените знаења.
Во рамките на денешното одбележување на големиот празник беше положено и свежо цвеќе од неколку делегации од општина Охрид, пред споменикот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град