Општина Охрид додели стипендии на ученици и студенти

Општина Охрид ја објави конечната листа на ученици од основните и средни училишта кои се добитници на стипендии, како и листата и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија.

 |   | 

Општина Охрид ја објави конечната листа на ученици од основните и средни училишта кои се добитници на стипендии, како и листата и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија.

Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши 04.02.2021 до 10.02.2021 година во Општина Охрид. За добитниците (малолетни лица) на стипендии задолжително е присуство на родител. – информира Општина Охрид.

Со одлука на градоначалникот поништен е делот од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на домашни и универзите во други земји за академската 2020/2021 година. Општината информира дека овие парични средства се пренаменети за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во РСМ во академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови.

Листата на студенти кои добија стипендии од Општина Охрид може да се погледне на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top