Општината издава простор за рекламирање

Имено се издава простор за поставување на 75 (седумдесет  и пет)  рекламни панели и 29 (дваесет и девет) светлечки рекламни паноа за истакнување на реклами на територијата на градот.

 |  Крсте Голабовски  | 
reklami
реклами

Имено се издава простор за поставување на 75 (седумдесет  и пет)  рекламни панели и 29 (дваесет и девет) светлечки рекламни паноа за истакнување на реклами на територијата на градот. Од одделението за јавни набавки од општината велат дека станува збор за издавање на веќе постоечки локации.

Општина Охрид со рекламирање ќе прибира финансиски средства. Неодамна на веб порталот на општината, се најде оглас за прибирање понуди за издавање микролокации за ситакнување реклами на територијата на општина Охрид. Станува збор за поставување на 75 микролокации за поставување на рекламни панели со димензии 500х310 cm и 29 микролокации за поставување на светлечки рекламни панели со димензии 160х100  cm., за истакнување на реклами на територијата на општина Охрид. Од одделението за јавни набавки при општината, велат дека ќе се издаваат веќе постоечки локации. Договорите кои ќе се потпишуваат со правните и физички лица регистрирани во РМ способни да обавуваат дејност за поставување, издавање и одржување на рекламни  панели ќе бидат на период од 5 години, додаваат оттаму. Ова претставува обид на Локалната со кој финансиски средства ќе се влеваат во општинската каса. Оптимисти се дека со издавање на локациите во еден вид пакети, ќе успеат да привлечат соодветен број заинтересирани физички и правни лица, посебно сега кога сме сведоци дека голем број од билбордите низ градов зјаат празни. Од одделението за јавни набавки велат дека веќе е изработен и графички приказ за локациите кои ќе се издаваат и потенцираат дека овој јавен оглас за рекламирање на територијата на општина Охрид, нема никаква врска со локациите на кои се поставуваа големите билборди низ градов. Посебно примерот со обидот за поставување билборд на градскиот плоштад, кој минатата година предизвика жестоки негодувања кај охридската јавност.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top