• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови

Општина Дебрца се опреми со ново специјално теренско возило за спасување во зимски услови

Викендов пристигна новото возило Duster, кое за потребите на општина Дебрца ќе се користи и како специјално теренско возило за спасување во зимски услови.

 |   | 

Викендов пристигна новото возило Duster, кое за потребите на општина Дебрца ќе се користи и како специјално теренско возило за спасување во зимски услови.

Возилото е обезбедено во рамките на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, кој општина Дебрца го спроведува со партнерите – ОО Црвен Крст Охрид, Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.

Набавката на возилото е финансирана со средства од ЕУ ИПА Програмата за прекугранична соработка ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа ( 15 % ).

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top