Општа болница Охрид лидер во здравството

Охридската општа болница пофалена од ресорното министерство дека е лидер во здравството во земјава Пациентите биле задоволни од медицинската нега, условите и комфорот во чекалните, од опремата во болничките соби, од хигиената, болничката храна и од квалитетот на негата пружена од лекарите. Директорот Љубен Арнаудов вели дека и понатаму посветено ќе работат да се покажат во уште подобро светло бидејќи имале капацитет и можности за тоа.

 |  Николоска Биљана  | 

Општа болница Охрид лидер во здравството. Тоа го покажале резултатите од дискретното истражување кое го спровело Министерството за здравсто, информираше првиот човек на болницата д-р Љубен Арнаудов. Поголем број од пациентите кажале дека се задоволни од медицинската нега, хигиената, болничките услуги и персоналот. Според Арнаудов вложувањата и несебичниот ангажман кој го правеле изминатите години, посебно со доградбата на новиот хируршки блок, како и со набавката на најсовремените софицистирани апарати во вредност од 2 милиони евра ги покажале првите резултати на ниво на работење на медицинскиот дел на болницата.

„85,9 % се задоволни од медицинската нега, 92,2 се задоволни од условите и комфорот во чекалните, 66,6% од опремата во болничките соби, 66,7 % од условите во болничките соби, 100% задоволни од хигиената во болничките соби, 100% задоволни од болничката храна и 100% задоволни од квалитетот на болничката нега пружена од лекарите“ – истакна директорот.

Арнаудов вели дека нивната цел е на пациентите да им овозможат достојна нега, да не шетаат по другите болници низ Македонија и со тоа да се придонесе во заштеда на финансиски средства од тие патувања. Директорот посочи дека драстично бил зголемен  бројот на  пациенти во болницата, односно од 116.000 во 2007 – 08 година, оваа година  имале 189.000. Арнаудов најави дека во идниот период болницата ќе вложи повеќе средства во подобрување на условите, пред се во интерното одделение кое ќе добие енергетски ефикасна фасада. Но тој кажа дека недостигот на доктори специјалисти во повеќе одделенија во болница, сеуште претставува сериозен проблем и работат на негово надминување.

Ние меѓу првите го акцентиравме овој проблем. Нашата болница во 2007 година имаше просек на старост на лекарскиот персонал од 56 години, но се презедоа мерки, така што имаме примено нови 23 лекари од кој 16 се пратени на специјализација, имаме 27 медицински сестри и 90 лица пропратен помошен медицински персонал, примено со акцијата на решавање на проблемот со волонтерите, така да сите се згрижени Комплетно проблемот не е саниран, планираме уште лекари да примиме мислам тој проблем ќе го решиме позитивни“ – вели Арнаудов.

Арнаудов признава дека сеуште најизразен е проблемот со анестезиолозите. Во болницата ги има само двајца, и поради тоа се ангажираат анестезиолози од соседна Струга и од други градови. Имале испратено тројца доктори на специјализација, а во план било да се прати уште еден.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top