Милан Белески е последниот опинчар во Охрид, а и еден од ретките во земјава.
Тој со своите 83 години се бори да го одржи во живот занаетот кој исчезнува. Чичко Милан 60 години го работи овој занает, и вели цел живот сум работел како опинчар и ништо друго. Белески во далечната 1939 година заминува во Заечар, кај мајсторот Александар Костиќ, преку организацијата Привредник и 4 години го изучува опинчарскиот занет. Со носталгија во очите се сеќава на минатите времиња, кога имало работа па се правеле опинци од гума, подоцна од кожа , па амути и уздии за коњи, а сега работите се многу изменети вели мајстор Белески.
Златни времиња беа годините од средината на 70 до 80 години од минатиот век. Во тие 15-тина години се работеше и добро заработуваше вели опинчарот Белески. Изработував опинци за играорните друштва како што се Ѓердан, Танец, Кочо Рацин и Гоце Делчев вели чичко Милан, а сега играорните друштва немаат пари за да си дозволат кожни опинци објаснува тој.
Денес, луѓето кај мајстор Милана носат работи за ситни поправки.
Чичко Милан нема наследници кој ќе го продолжат занетот. Жално е што никој не покажа интерес да го изучува занетот, ни родителите ги насочуваат децата, ни децата имаат интерес да го изучат занаетот. Надеж за опстанок на опинчарството нема категоричен е тој.
Милан Белески послениот опинчар вели за да се изработи еден пар кожни опинци е потребно 5-6 сати постојана работа, а чинат 1200 денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град