Оперските ѕвезди Фритоли и Нучи на средба со претседателот Иванов

Италијанските ѕвезди го отвораат годинешното издание на фестивалот Охридско лето.

 |  Мишел Наумоски  | 
priem vila Biljana
прием вила Билјана

Barbara Fritolli Leo NucciПокровителот на фестивалот Охридско лето, претседателот Ѓорѓе Иванов организираше прием за оперските ѕвезди Барбара Фритоли и Лео Нучи во вилата Билјана во Охрид.

 

 

 

 

 

sredba umetnici so IvanovАтрактивната сопранистка и еден од најдобрите баритони на денешницата, вчера по слетувањето на аеродромот Свети Апостол Павле заминаа во претседателската вила.

 

 

 

 

 

dzvezdi Ohridsko letoПретседателот Иванов на средбата им раскажал за историјата на Република Македонија, ги запознал со историјата на Охрид, како и со легендите за нашиот град. Високите гости се воодушевиле од убавините што ги виделе од терасата на претседателската вила од каде се гледа Охридското Езеро и градот Охрид.

 

 

 

Според италијанските уметници, Охрид е едно од најубавите места што досега го посетиле преку нивните настапи низ светот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top