Опсност Охрид да биде избришан од Унеско

Екологистите загрижени за членството  на Охрид во Унеско.

 |  Татјана Маленкова  | 
Borce Stojanoski
Борче Стојаноски

Тие отворено проговорија за работите поради кои може нашиот град да биде избришан од оваа меѓународна Организација.

„Никакде на ниедно место во ниедна организација не е споменато бришење на Охрид од Унеско“, ова се  шпекулации кои ги пласираат злонамерниците, вели градоначалникот Патрески.

Екологистите одлучија, јавно да проговорат и да укажат на состојбите кои директно влијаат на опстанокот на градов во оваа елитна меѓународна организација.  

Ohrid„Посочуваме дека има делови каде Охридското езерто се загадува од колекторскиот ситем кој подолго време не функционира. Повторно на надлежните им обрнуваме внимание дека колекторскиот систем кај пумпната станица Даљан и Грашница се излева во езерото“, вели Стојаноски.

Тој додава дека ЕД Грашница располага со документација на тематски извештај за заштита на Охрид. „Меѓу другото таму има и податок дека 60 насто од брегот на езерото треба да остане заштитетен, односно нечепнат од раката на човекот. Тој процент се повеќе и повеќе се загрозува“, вели Стојаноски.

Тврдењата на екологистите дека на Охрид му е загрозено местото во УНЕСКО, ги побива градоначалникот Александар Петрески.  Тој за ТВ М вели

„Никакде на ниедно место во ниедна организација не е споменато бришење на Охрид од Унеско“. Забелешки нема ни во извештаите кои ги добиваме од оваа меѓународна организација,тврди градоначалникот.

„Гласини за бришење на охрид од листата на Унеско се шират подолго време наназад.Сега  овие озборувања добија на интензитет по она што се случи со Дрезден. Меѓутоа, јас ви гарантирам дека тоа со Охрид нема никаква врска, вели петрески Дрезден го изгуби времено статусот на град под унеско, затоа што што ги наруши правилата на оваа организација за она за што беше заштитен. Ние како локална власт внимаваме дури и на ситниците во Охрид, нема да дозволиме вакво нешто“, вели градоначалникот Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top