Опасна рушевина

Рушевина како од 1941 год. Во 21 век жителите на ул „Богомилска“, стравуваат од опасните зидови на стара куќа во која 20 години не живее никој.

 |  Билјана Николовска  | 
rushevina
рушевина

RushevinaРушевина како од 1941 год. Во 21 век жителите на ул „Богомилска“, стравуваат од опасните зидови на стара куќа во која 20 години не живее никој.

Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, паѓаат ѕидови на стара куќа. Сеуште има остатоци од старите ѕидови кои се накрепени на електрични бандери и претставуваат сериозен проблем.Тесните улички на овој потег дополнително ја влошуваат состојбата. Тука тешко можат да се разминат две возила, а градежениот шут од остатоците на оваа куќа имаат зафатено добар дел од патот. Жителите кои се во непосредна близина велат дека сериозно се загрижени за безбедноста на нивните деца како и за самите нив. Се чудат како на ова фрекфентно место на кое се пристапува од четири страни никој не превзема ништо, иако многупати реагирале до надлежните служби.
Од Секторот за урбанизам, раководителот Бранко Арнаудов рече дека ќе проверат за што станува збор, но додаде дека ваквите случаи се во рацете на инспекциските служби. Тој кажа дека ќе бидат превземени сите потребни мерки доколку работата е до нив. Танас Танасоски, раководителот на комуналниот инспекторат вели дека запознаен е со овој случај. Тој признава дека на ова место постои сериозна опасност по безбедноста на луѓето. Додава дека сеуште не се знае кој е наследникот на оваа приватна куќа па според тоа нема кој да се задолжи за рушење. Очигледно работите кочат во Секторот за урбанизам каде сеуште не е донесен и усвоен проектот за рушење на стари градби. Согласно тој проект се издава потребното решение, вели Танасоски. Забот на времето си го прави своето. Ова напуштено место обраснато со трње и трева е потсетник на едно минато време, но присутно и во сегашноста.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top